Македонските мечувалци Петар Дамјаноски и Огнен Бундалески ги завршија своите настапи во дисцилината „Ипи“ во првата нокаут фаза на Медитеранските игри во Тарагона, Италија.
Петар Дамјаноски обработи квалитетна борба, но во израмнет меч на крајот подобар беше Гркот, Артемиос Цованис со 15-12. Од друга страна Бундалески немаше сила да стигне до изненадување против домашниот натпреварувач Енрико Пјати кој славеше со 15-4.
Претходно Дамјаноски во својата група славеше против Даниеле Фофана и Чади Ел Чемали од Либан со идентични 5-3. Тој претрпе два порази од Махмуд Монсшен (5-2) и Мигел Фразо (5-3).
Бундалевски исто така запиша два триумфи во групата. Тој ги совлада Али Таб со 5-3 и Панајотис Тодорополус со убедливи 5-1. Македонскиот борец изгуби од Ведран Мароката (5-2), Енрико Пијати (5-2) и Мохамед Елсајде (5-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
