Заврши настапот за Лина Ѓорчевска во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорчевска го заврши настапот на тунирот во Врањачка Бања, Србија откако и во четвртфиналниот натпревар во дабл-конкуренцијата заедно со својата партнерка, Укринката Валерија Стракхова загуби од тандемот Алвес-Газмиз со 2-1.

Нашата тенисерка и нејзината партнерка го добија првиот сет со 6-4, меѓутоа противничките од Бразил и Венецуела успеаја да изедначат во вториот сет кој го добија со 7-6.

Изедначениот меч продолжи во третиот и одлучивачки сет во кој противничките на македонската тенисерка славеа со 12-10 по голема борба.

Се вчитува...