Заврши сезоната за малерозниот Заниоло

Рома останува без еден од најталентираните италијански фудбалери Николо Заниоло до крајот на сезоната.  Тој заработи сериозна повреда на коленото на синоќешниот меч против Јувентус. Во прашање е кинење на предните вкрстени лигаманти, го очекува операција и најмалку шест месеци пауза.

Заниоло нема да биде дел ниту од репрезентацијата на Италија на Европското првенство. Селекторот Роберто Манчини на Инстаграм му даде поддршка на младиот фудбалер очекувајќи да се врати уште посилен по надминувањето на повредата.

Се вчитува...