Заврши сезоната за Наинголан?

Белгискиот интернационалец Раџа Наинголан заработи сериозна повреда на денешниот натпревар против Болоња во Серија А и можно е за него оваа сезона да е завршена. Тој многу брзо, уште во 17.минута, мораше принудно да ја напушти играта, а на негово место во игра влезе Жерсон.

„Не делува добро. Сите знаеме каков борец е „нинџа“, но не можеше да продолжи. Три пати ми довикнуваше дека сака да остане на теренот, но не можеше да издржи. Можам само да замислам какви болки трпеше. Наликува дека е тешка повреда, но ќе видиме“, откри тренерот на Рома, Еузебио Ди Франческо по дуелот со Болоња.

Се вчитува...