Заврши „сонот“ на Хрватска – Франција прв финалист на Европското првенство

Актуелниот бранител на титулата Франција е првиот финалист на женското ракометно Европско првенство. Французинките го совладаа најголемото изненадување на шампионатот Хрватска со убедливи 30-19.

Уште во првото полувреме триколорите покажаа дека се далеку поозбилен противник, дозволувајќи им на Хрватките само пет гола (15-5). Во вториот дел рутински беше приведен натпреварот до самиот крај за конечен триумф од 30-19. Дури четири ракометарки на Франција мечот го завршија со по четири гола (Лакрабер, Зади, Ниаките и Нзе Минко), кај Хрватска по три гола постигнаа Крсник и Блажевиќ.

Во второто полуфинале вечерва во скандинавското дерби ќе се сретнат домаќинот Данска и Норвешка.

Се вчитува...