Заврши „војната“: Нејмар останува во ПСЖ, но не е во составот на тимот за мечот со Тулуз

Нејмар веќе извесно време се спомнува како можно засилување за Барселона, но ПСЖ сепак е одлучен да го задржи. Според пренесувањето на „Л’Екип“ заврши “војната“ меѓу двете страни па Бразилецот и дефинитивно останува во Париз.

Францускиот шампион за Нејмар бараше 200 милиони евра, но на крајот сепак е одлучено да остане.

„Заврши војната меѓу Нејмар и ПСЖ. Разговараат нормално, се е во ред веќе неколку денови“ – наведува „Л’Екип“.

Но, и покрај тоа, се разбира очекувано Нејмар не е во составот на тимот за вечерашниот дуел против Тулуз во Лига 1.

Се вчитува...