Заврши зимскиот преоден рок: ЕЛИФ ЕЛМАС во ТОП 5 најголеми трансфери во Европа!

Зимскиот преоден рок во ТОП 5 лигите во Европа не донесе некоја посебна спектакуларност и покрај претходните најави за можна преселба на Килијан Мбапе во Реал Мадрид.

Беа спомнувани и евентуални преселби на Мохамед Салах и Кевин Де Брујне во Саудиска Арабија, но и од тоа ништо.

Се чини, најголемите клубови од најдобрите пет европски лиги се одлучија овој пат да инвестираат во младоста, па овој пат и трансферот на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е еден од најголемите во зимскиот преоден рок.

Елмас за 24 милиони евра се пресели од Наполи во германски Лајпциг, што е четврти по вредност трансфер во овој преоден рок. Највисок е трансферот на Витор Роке, кој за 40 милиони евра се пресели од Атлетико Параненсе во Барселона, а пред Елмас се уште и оној на Саша Боеј од Галатасарај во Баерн, како и трансферот на Романецот Раду Драгушин од Џенова во Тотенхем за 25 милиони евра.

НАЈГОЛЕМИТЕ 10 ТРАНСФЕРИ ВО ЗИМСКИОТ ПРЕДЕОН РОК ОД ТОП 5 ЛИГИТЕ ВО ЕВРОПА

  1. Витор Роке (Атлетико Параненсе – Барселона) – 40 милиони евра
  2. Саша Боеј (Галатасарај – Баерн Минхен) – 30 милиони евра
  3. Раду Драгушин (Џенова – Тотенхем) – 25 милиони евра
  4. ЕЛИФ ЕЛМАС (Наполи – Лајпциг) – 24 милиони евра
  5. Ренан Лоди (Марсеј – Ал Хилал) – 23 милиони евра
  6. Адам Вортон (Блекбурн – Кристал Палас) – 21,1 милиони евра
  7. Лукас Бералдо (Сао Паоло – ПСЖ) – 20 милиони евра
  8. Габриел Москардо (Коринтијанс – ПСЖ) – 20 милиони евра
  9. Артур Вермирен (Антверпен – Атлетико Мадрид) – 18 милиони евра
  10. Сирил Нгонге (Верона – Наполи) – 18 милиони евра

Се вчитува...