Завршија маките на Манџукиќ во Јувентус: Хрватот прави трансфер во Катар

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ дефинитивно го напушта Јувентус и се сели во Катар. Негов нов клуб ќе биде Ал Духаил, каде што настапува и Медхи Бенатија. Тој подолго време бараше нова средина каде ќе ја продолжи кариерата откако не доби шанса во составот на „старата дама“ оваа сезона.

Манџукиќ заминува од Торино разочаран. По доаѓањето на Маурицио Сари не доби ниту една минута и падна во втор план. За Јувентус тој постигна 44 гола на 162 натпревари и освои осум трофеи.

Се вчитува...