Збогум, Битола: Кубанецот Табоада се сели во Данска

Реиние Табоада по само една година ќе го напушти Еурофарм Пелистер откако кубанскиот бек веќе го договори следниот чекор во кариерата.

Тој на крајот од сезонава ќе сепресели во Данска, откако потпиша договор со екипата на Фредерициа. Станува збор за клуб кој моментно е третопласиран на табелата во данското првенство и кој во 24-годишниот Кубанец гледа како на значаен адут за иднината.

„Данската лига е на високо ниво, мора да бидеш максимално подготвен за секој натпревар. Фредериција е клуб што напредува од година во година, мислам дека ова е вистински проект во кој можам да се докажам“, изјави Табоада.

Кубанецот дојде во Еурофарм Пелистер од редовите на француски Данкерк, сезонава беше еден од клучните играчи во составот на тренерот Бабиќ, па битолчани сигурно ќе имаат проблем да доведат адекватна замена.

Се вчитува...