Збогум, Европа – Шкендија губи и во Луксембург (видео)

Фијаското на Шкендија во овогодинешното издание од европските купови ќе заврши денеска, откако тетовци се најдоа во негатива и на реваншот со Дуделанж.

Во ситуација кога бркаа постигнување на два гола фудбалерите на македонскиот првак промашија бројни зицери во првото полувреме, за во вториот дел да дојде до сериозен пад во нивната игра. Дуделанж два пати ја погодуваше рамката од голот на Захов, за во 78. минута да дојде до водство. Делгадо беше човек на одлука, откако одлично се снајде по еден корнер од левата страна и го матираше голманот на Шкендија.

Се вчитува...