Збогум, Интер – Наинголан избра каде ќе ја продолжи кариерата

Раџа Наинголан ги брои последните денови во дресот на Интер откако Белгиецот го избра клубот каде ќе ја продолжи кариерата. Во текот на вчерашниот ден беше најавено дека тој е многу блиску до Фиорентина, но Наинголан во последен момент се премисли и реши да потпише договор со Калјари. Ова всушност претставува камбек на белгискиот интернационалец во клубот од Сардинија, каде настапуваше од 2010 до 2014 година, пред да замине во Рома.

Постигнат е договор Наинголан следната сезона да ја мине на позајмица во дресот на Калјари, по што овој италијански прволигаш ќе има можност да го откупи неговиот договор со „нероаѕурите“, што е со важност до 2022 година. Белгиецот во текот на утрешниот ден ќе пристигне на лекарски прегледи, по што најдоцна до понеделник се очекува и неговата промоција во Калјари.

Наинголан заедно со Икарди беше отстранет од првиот тим на стартот од подготовките, со што јасно му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на новиот тренер Антонио Конте.

Се вчитува...