Збогум, Манчестер: Ерера се договори со ПСЖ

Андер Ерера дефинитивно заминува од Манчестер Јунајтед на крајот од сезонава откако шпанскиот интернационалец ги договори речиси сите детали од договорот со ПСЖ. „Црвените ѓаволи“ повеќе од една година не успеваа да се договорат за продолжување на соработката со шпанскиот играч за врска, а челниците на ПСЖ знаеја како да го искористат тоа и за помалку од еден месец ја договорија преселбата на „Паркот на принцовите“.

Претходно беше договорено Ерера да остане во Париз во следните три сезони, но сега двете страни преговараат соработката да трае четири, па дури и пет години. Штом овој детал ќе биде договорен, официјално ќе биде обелоденет и потпишаниот преддоговор што ќе стане официјален трансфер на 1 јули.

Шпанецот нема да биде единственото засилување за средниот ред на ПСЖ во летниот преоден рок, со оглед на интензивните преговори што „светците“ ги водат со Наполи за Бразилецот Алан, кој ќе го чини францускиот првак 60 милиони евра.

Се вчитува...