Збогум, МЗТ: Јуре Лалиќ си најде нов клуб

Јуре Лалиќ и дефинитивно ја заврши својата двогодишна авантура како член на МЗТ Скопје, потпишувајќи договор со словенечкиот прволигаш Крка. Хрватскиот центар имаше две солидни сезони во дресот на „металците“, но испаѓањето од елитното друштво во АБА ги натера челниците на македонскиот првак да ги променат приоритетите и повторно да направат мини-ремонт во тимот.

За нов центар беше ангажиран Љубомир Младеновски, што беше јасен сигнал дека повеќе не се смета на услугите на Лалиќ, кој реши да се врати во добро познатата средина во Ново Место. Овој 32-годишен центар настапуваше за овој тим од 2011 до 2013 година, потоа се врати за сезоната 2015/2016, па токму од Крка дојде во МЗТ Скопје.

Мило ми е што се враќам во еден добро организиран клуб како Крка. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“ – изјави Лалиќ, кој во претходните две сезони како член на „металците“ во просек во АБА-лигата реализираше по 13,2 поени и 5,7 скокови по натпревар.

Се вчитува...