Збогум, Шкендија – Бејтулаи потпиша за Хелсингборг

Егзон Бејтулаи дефинитивно ја продолжува кариерата на Скандинавскиот полуостров, откако македонскиот репрезентативец денеска потпиша договор со шведскиот прволигаш Хелсингборг, со важност до 2022 година. За Бејтулаи се интересираа неколку екипи ширум Европа, беше блиску до договор и со Норчепинг, но во последен момент се премисли и реши да го стави потписот на договорот со Хелсинборг.

„Многу сум среќен што потпишав за Хелсингборг, клуб со одлични навивачи и со добри услови за работа. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата“ – изјави 26-годишниот Бејтулаи.

Македонскиот репрезентативец во изминатите сезони беше стандарден првотимец во Шкендија, но откако не постигна договор за продолжување на соработката, тој на почетокот од 2020 година како слободен играч го напушти тетовскиот клуб.

Се вчитува...