Милан по долгата успешна серија сега влегува во мини-криза, откако „росонерите“ ремизираа 1-1 на домашен терен со Сасуоло, врзувајќи три натпревари без победа во италијанското првенство.
„Росонерите“ делуваа супериорно во првото полувреме, во кое создадоа и неколку убави шанси, но не успеаја да го совладаат одличниот Консилји. Во вториот дел темпото на домаќините падна, а Сасуоло го искористи тоа и поведе со 0-1 преку Наполитано.
Тоталната офанзива на Милан донесе само израмнувачки погодок преку „резервистот“ Калиниќ, кој го прекина својот голгетерски пост што траеше повеќе од четири месеци. Тој имаше опасен удар со глава што Консилји го одбрани во 90. минута. Голманот на Сасуоло беше херој и во 96. минута, кога извонредно го одбрани ударот на Бонавентура.
Така, „росонерите“ врзаа три кола без победа во Серија А, целосно губејќи ги шансите за место кое води во Лигата на шампионите.
Kalinic’s goal pic.twitter.com/dAxe2PN7Jv
— #FreeLocatelli (@semo33) April 8, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА