Светското првенство 2026 ни понуди неколку незаборавни натпревари, но најважниот е пред нас меѓу Шпанија и Аргентина во битката за титулата светски шампион.
Шпанците успеаја да го елиминираат првиот фаворит Франција во полуфиналето, додека актуелниот светски шампион ја победи Англија по неверојатен пресврт и дојде до ново финале на крилјата на Лионел Меси.
Многумина веруваат дека ова ќе биде и „судир“ меѓу заштитните лица на Барселона, Лионел Меси и Ламин Јамал.
Меси е на крајот од својата кариера и игра одличен турнир, додека Јамал е само на почетокот, но има можност да стане светски шампион на само 19 години, што е навистина нереално. Во секој случај, еден од двајцата сигурно ќе оди на тронот утре.
Пред големото финале, Меси искрено кажа што мисли за Јамал, а со своите зборови особено ги воодушеви навивачите на Барселона.
„Ламин Јамал е веќе еден од најдобрите фудбалери во светот, без сомнение. Му посакувам многу среќа, бидејќи неговиот успех ќе значи и успех на Барса. Мислам дека ние навивачите на Барса имавме огромна среќа што го имавме“, рече Меси и додаде:
„Ќе направиме се што можеме во недела за да го спречиме да биде во својата најдобра форма, иако е јасно дека тоа не е многу лесно да се направи.“
Меси конечно коментираше за легендарната фотографија од 2007 година на која е тој и Јамал, кој во тоа време имаше само неколку месеци, а која е главна тема на фудбалската јавност низ целиот свет овие денови.
„Малку е чудно што Ламин и јас сега ќе се сретнеме лице в лице, а ја имаме таа фотографија заедно кога тој сè уште беше бебе“, вели Аргентинецот и продолжува.
„Тој е навистина неверојатен. Го следам внимателно бидејќи игра за клубот што го сакам најмногу на светот. Во недела има шанса да направи историја, иако има само 19 години. Ќе се обидеме да го спречиме овој пат. Тој ги има сите квалитети да доминира во фудбалскиот свет во годините што доаѓаат.“
🚨🎙️ Lionel Messi on the famous photo with Lamine Yamal:
“It’s crazy that we’re facing each other after that photo was taken when he was a baby.” pic.twitter.com/p6hHeE0CJj
— MC (@CrewsMat10) July 17, 2026
Големото финале на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина ќе се игра утре во Њујорк со почеток во 21 часот по средноевропско време.
Натпреварот за третото место се игра вечерва, меѓу Франција и Англија со почеток од 23 часот, по средноевропско време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
