„Зборувајте што сакате, но ако Леброн рече да играме, ќе играме“

Плејмејкерот на Лос Анџелес Клипер, Патрик Беверли кој се смета за еден од најконтроверзните кошаркари во НБА, на социјалните мрежи напиша објава со која веројатно сите се сложуваат. Многу кошаркари изглегоа со став дека не сакаат сезоната да биде продолжена бидејќи во моментов поважна е борбата за правата на Афроамериканците. Во САД има големи протести за смртта на Џорџ Флојд, а многу од кошаркарите сметаат дека продолжувањето на сезоната ќе доведе до загушување на борбата бидејќи сите ќе зборат за НБА. Сепак, Беверли смета дека доколку Леброн е за продолжување на сезоната тоа ќе се случи.

„Кошаркарите може да кажат што сакаат, но ако Леброн рече да играме, сите ќе играме. Ништо лично, едноставно се е бизнис“, напиша Беверли.

 

Се вчитува...