ЗДФ: Рамос го удри и Кариус пред големата грешка и првиот гол на Реал (ВИДЕО)

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е омразен лик кај фановите на Ливерпул, откако го повреди најдобриот играч на „црвените“, Мохамед Салах, по еден жесток дуел во првото полувреме. Египќанецот мораше да го напушти мечот поради повреда на рамото, а германската телевизија „ЗДФ“ откри дека Рамос го удрил и голманот Лорис Кариус, непосредно пред неговата голема грешка, кога Карим Бензема го пресретна неговото додавање во шеснаесетникот и постигна лесен и помалку комичен гол.

Во претходната акција, Рамос во петерецот го удри Кариус, и можеби тоа ја намали неговата концентрација, анализираат од „ЗДФ“.

 

Се вчитува...