Здрахала прв стрелец, Лазаров останува рекордер на ЕП

Чешкиот репрезентативец Ондреј Здрахала е најдобар стрелец на ЕП во Хрватска, а Кире Лазаров останува рекордер по бројот на постигнати голови на европските првенства. Во седумте одиграни натпревари на ЕП во Хрватска, Здрахала постигна 55 гола. Најблиску до него беше Микел Хансен, но Данецот на последниот меч за 3.место постигна само два гола и заврши со вкупно 43 погодоци на осум натпревари. На третото место е неговиот репрезентативен колега Расмус Лауге Шмит со 40 погодоци.

Кире Лазаров останува неприкосновен на вечната листа со 62 погодоци постигнати на ЕП 2012 во Србија. Македонскиот капитен е актуелен двоен рекордер по бројот на постигнатити голови на европските (62) и на светските првененства (92).

Се вчитува...