Здравковски го елиминираше Тричковски за полуфинале со АЕЛ во Купот на Кипар (ВИДЕО)

Давор Здравковски ќе игра во полуфиналето на Купот на Кипар со својот АЕЛ Лимасол откако во четвртфиналето го елиминираше тимот на Иван Тричковски, АЕК Ларнака.

На реваншот во Ларнака, АЕЛ успеа да стигне до реми со гол (1-1) што му беше сосема доволно за пласман во полуфиналето по оние 0-0 од првиот натпревар во Лимасол.

Здравковски и Тричковски го одиграа целиот натпревар за своите екипи.

Се вчитува...