Здравковски го освои Купот на Кипар со АЕЛ Лимасол

Младинскиот репрезентативец Давор Здравковски се радува на својата прва титула во кипарскиот фудбал освојувајќи го Купот на Кипар со АЕЛ Лимасол.

АЕЛ Лимасол синоќа славеше во финалето против АПОЕЛ со 2-0 стигнувајќи до посакуваниот трофеј преку кој се обезбеди учество и во квалификациите за Лигата на Европа ова лето. АЕЛ Лимасол до триумфот дојде со головите на Доса јуниор и Србинот Адамовиќ.

Здравковски го одигра целиот финален натпревар во средниот ред на АЕЛ Лимасол.

Се вчитува...