Здравковски и Мадервил го „шокираа“ Глазгов Ренџерс… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Давор Здравковски и неговиот Мадервил продолжуваат со одличните игри периодов во шкотската Премиерлига, „шокирајќи“ го лидерот Глазгов Ренџерс пред своите навивачи денеска во 29. коло.

Мадервил дојде до гостинска победа од 1-2 во мечот во кој триумфот го најавија уште во 9. минута со голот на Баир.

Откако Ренџерс израмни со голот на Таверние во 60. минута, победата на гостите ја донесе Кејси во 75. минута.

Здравковски, стандардно е во првиот тим на Мадервил, денеска одигрувајќи 65. минута кога беше заменет од Николсон.

Бојан Миовски, пак, го одигра целиот натпревар за Абердин, но не успеа да постигне гол за својот тим кој несреќно загуби со 2-1 на гостувањето против Сент Мирен, со два гола примени во судиското продолжение.

Се вчитува...