Здравковски и Ристевски испуштија триумф со АЕЛ, победа на Фазлагиќ со Жилина (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Давор Здравковски и Кире Ристевски со триумф од 1-0 против азербејџански Карабах во 3. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Голот за водство на Кипраните го постигна Шчеповиќ во 69. минута, но гостите израмнија во 93. минута. Здравковски и Ристевски го одиграа целиот натпревар за АЕЛ.

Енис Фазлагиќ со Жилина запиша триумф кај Тобол од 1-0. Фазлагиќ, исто така, го одигра целиот меч за неговата екипа.

Партизан одигра 1-1 на гостувањето против Сочи кој поведе по сомнителен пенал, кој им беше досуден во 66. минута, а го реализираше Нобоа со удар по средината на теренот.

Само седум минути подоцна Гомеш успеа да израмни на 1-1 и така Партизан со добар резултат ќе го пречека рускиот тим во реваншот во Србија, кој се игра на 12 август.

Се вчитува...