Здравковски во „Клуб 100“ на АЕЛ Лимасол… (ВИДЕО)

Поранешниот македонски младински репрезентативец Давор Здравковски го запиша својот 100-ти натпревар во дресот на кипарскиот АЕЛ Лимасол.

На денешниот дуел против Анортозис на кој неговиот тим славеше со 2-1, Здравковски си најде место во „Клуб 100“ на АЕЛ Лимасол.

„Пресреќен сум во овој клуб. Чест ми е што веќе одиграв 100 натпревар во овој дрес, и што јубилејниот натпревар го заокруживме со победа“ – истакна Здравковски по мечот.

Се вчитува...