Здружението на кошаркари утре ќе избира ново раководство

Здружението на кошаркари на Македонија утре (24. февруари) од 15 часот во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ќе го одржи Редовното годишно собрание на кое како што информираат ќе биде избрана нова управувачка структура, нови членови на управниот и надзорниот одбор бидејќи на дел од сегашните членови им истекува мандатот.

„На ова Сообрание ќе имаме можност да дискутираме за нови ставови и идеи околу натамошното работење на самото здружение, начините на фукнционирање, план и програма за идни чекори, нови активности и барања до клубовите и МКФ, како и подигнување на нивото на организација на самото здружение. Играчите се најважната алка во кошарката и поради тоа сакаме и во иднина на еден формален и здружен начин да ја продолжиме заложбата за подобра кошаркарска Македонија. Условите во кошарката и општо во спортот кај нас сеуште се на пониско ниво од посакуваното и веќе со години го искажуваме нашето незадоволство. Нашата цел е подобра и поквалитетна кошарка, задоволни и мотивирани кошаркари и полни сали. Со таа цел ќе продолжиме со низа активности за кои сме убедени дека ќе вродат со плод. Придружете ни се во сабота да се запознаете со нашата визија и да ја споделите својата визија“ – информираат од Здружението на кошаркари пред одржувањето на утрешното Собрание.

Се вчитува...