Големо беше разочарувањето во редовите на Кил, германскиот гигант одигра одличен двомеч со Вардар, но на крајот мораше да капитулира пред актуелниот европски првак.
„Тажни сме, многу тажни. Можеме да бидеме и горди бидејќи одигравме супер натпревар. Штета е што шансата си ја пропуштивме во Кил“ – изјави Дувњак.
Сличен беше ставот и на Словенецот Зарабец, кој со пет гола беше најефикасен кај „зебрите“.
„Дадовме се од себе, одигравме на 120% и победивме, но само со еден гол. Штета, двомечот го загубивме на првиот натпревар пред нашите гледачи“ – истакна Зарабец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА