Зеде македонски пасош, па „одлета“ за Кина

Новопечениот македонски кошаркарски репрезентативец Аскија Букер нема да го облече дресот на националниот тим во претстојните квалификации откако денеска потпиша договор за преселба во далечната Кина.

Букер пред само два месеци аплицираше за македонски документи и беше најавувано дека ќе се најде на поширокиот список на селекторот Тодоров пред балон-турнирот во Талин. Сепак, откако не најде соодветен ангажман по заминувањето од Мурсија тој се реши да не остане во Европа, прифаќајќи ја понудата на Шенжен авиаторс.

Потписот за Шенжен практично ги затвора вратите за настап на Букер во ноемвриските квалификации. Проблемите за селекторот Тодоров се уште поголеми ако се знае дека првиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ е позитивен на Covid-19, па мали се шансите за негов настап во Талин.

Се вчитува...