Лејсон Зекири се најде на финалниот список на кошаркари за стартот на новиот квалификациски циклус, а кошаркарот на Башкими е оптимист дека Македонија може да слави на премиерниот меч против Естонија што на програмата е утре (19 часот, СРЦ Кале).
„Верувам дека можеме да ги изненадиме, поточно да ги победиме Естонците, ако прикажеме добра тимска игра. Тоа треба да биде нашата формула на успех. Работевме квалитетноно, пет дена не се малку, но и ниту најмногу. Сепак, дел од играчитевеќе долго време се заедно, станувазбор за професионалци кои добро се познаваат, што е наша предност“, изјави Зекири.
Останува да се види колкава улога ќе добие овој 22-годишен кошаркар кој и на клупски план настапува за Алек Јончевски, кој паралелно со селекторската функција е и шеф на стручниот штаб на Башкими.
„Колку ќе играм, тоа е одлука на тренерот што јас секогаш ја почитувам. Она што можам да го кажам, подготвен сум да дадам се од себе за да ги направам навивачите горди“, порачува Лејсон Зекири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА