Зекирија Рамадани нов тренер на Егнатија

Зекирија Рамадани денеска беше промовиран како нов предводник на албанскиот тим Егнатија. Рамадани во последните три години работеше во Косово, во Фероникели и Приштина, а претходно беше во Шкупи. Ги водеше и Фероникели и Трепча, а има искуство и во Албанија, каде работеше во Фљамуртари Валона.

Рамадани беше и играч на тогашната Слога Југомагнат, и на неколку клубови како Башкими, Влазерими, Работнички… Има искуство и со играње во Албанија во тимот на Беса Каваје.

Во Егнатија во моментов настапуваат тројца македонски интернационалци: Бесар Исени, Бесарт Кривањева и Демир Имери.

Се вчитува...