Македонскиот фудбалски стратег Зекирија Рамадани е претставен за нов тренер на косовскиот прволигаш Дрита.
Пред доаѓањето во Дрита, Рамадани работеше во саудискиот Оход со кој ја прекина соработката во септември.
„Задоволство ни е да објавиме дека постигнавме договор со тренерот Зекирија Рамадани. Рамадани е познат тренер во косовскиот фудбал кој има освоено трофеи со претходните тимови и со задоволство ја прифатил понудата на клубот. Клубот и Зекo потпишаа договор до крајот на сезоната 2024/25 со можност за продолжување на уште една сезона. Добредојде Зеко“, стои во соопштението од Дрита.
Рамадани веќе го одработи и првиот тренинг на чело на својот нов клуб…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА