Зелено светло и од УО: Шкупи се врати во Првата лига

Управниот Одбор на Македонската Кошаркарска Федерација и официјално ја потврди одлуката за зголемување на бројот на учесници во Првата лига од десет на единаесет, што практично значи и враќање на Шкупи во елитното друштво.

Откако претставниците на Здружението на прволигаши едногласно даде согласност за ваков чекор, денеска стигна „амин“ и од Управниот Одбор.

„Правилата не се создадени за да некого оневозможат да игра, туку да се направи систем во кој секој што ќе плаќа согласно роковите ќе има реални и конкретни услови за играње. Мора да се биде реален и да се признае дека ова е крајно несериозно, да не се испочитуваат два дадени рокови и одлука на Комисија на Итност и на Управниот Одбор . Знам дека тоа е долго време така, но ако сакаме да направиме некоја промена на подобро за сите клубови, мораме да научиме да ги почитуваме тие правила“ – отворено изјави Ивица Јефтиќ, член на Управниот Одбор на МКФ.

Без оглед на ваквиот коментар, мнозинството  се изјасни дека клубот од Чаир треба повторно да игра во елитното друштво.

Воедно, за целата ситуација реагираше претставникот на Водњански лисици, кој на последниот состанок на УО побара еднаков третман на клубовите откако претходно овој тим со право на настап во Првата лига побарал да му биде овозможено да ја плати котизацијата на рати, но не наишол на разбирање од страна на МКФ.

Се вчитува...