Земан му одговори на Коларов: Ако луѓето го послушаат него, фудбалот ќе умре!

Капитенот на српската репрезентација, Александар Коларов даде контроверзен коментар околу постојаните негодувања на навивачите на Рома кои не се задоволни со игрите и резултатите на својот тим.

Без многу размислување, Коларов порача дека навивачите мора да разберат дека не се разбираат најдобро во фудбал и дека не треба да ги коментираат и да се ‘занимаваат’ со фудбалерите и нивната работа.

„Навивачите мора да бидат свесни дека тие едноставно не знаат фудбал. Тие ни свират… Тоа е исто како јас да одам да му свирам на Новак Ѓоковиќ. Но, тоа нема да си го дозволам. Зошто? Затоа што сакам да гледам кошарка и тенис, но едноставно не се разбирам многу во нив. Не оди некој што не знае да критикува, плука и навредува“ – истакна Коларов.

Но, овој негов став не се допадна на поголемиот дел од италијанската јавност. Еден од оние кои се спротиставија на фудбалерот на Рома е и легендарниот тренер Зденек Земан кој во минатото го водел и тимот од Рим.

„Ако луѓето престанат да коментираат и заборуваат за фудбалот, тогаш тоа е крај за фудбалот. Ќе умре. Фудбалот и е измислен за да за него се зборува буквално од секого. Па, навивачите се најповикани да коментираат за него, без разлика дали се разбираат или не… Затоа тој и така живее и е популарен, токму само поради навивачите кои во добра мера секогаш знаат да бидат и сериозни коректори на нештата“ – вели Земан.

Се вчитува...