Земјотрес во Мексико сити – цел град скокаше од радост по голот на Лозано

Лозано го матираше Мануел Нојер во 34. минута од денешниот натпревар за огромна радост на мексиканските фанови во Русија, но и дома во татковината.

Оттаму доаѓа и неверојатна информација, дека во градот Мексико сити дошло до земјотрес токму во моментот кога Лозано го постигнал погодокот, при што сите Мексиканци скокаа од радост при прославата на големото водство против светските шампиони.

„Најмалку два сензори за земјотрес беа активирани токму во моментот на постигнувањето на голот. Не може да се каже со сигурност, но можно е причината да лежи во масовното скокање на жителите во градот при голот за Мексико на СП во Русија“ – соопштија од Мексиканскиот Сеизмолошки Завод.

 

Се вчитува...