„Земјотрес“ во Монако: Мајк Џејмс заминува!

Монако вечерва го игра клучниот меч, на домашен терен со Барселона, за влез во плејофот од Евролигата, а токму на денот на овој натпревар Мајк Џејмс објави дека на крајот од сезонава ќе го напушти таборот на „кнезовите“.

Американецот е лидер на Монако од самото доаѓање во клубот во 2021 година, лани го одведе тимот до финалето на Евролигата, но веќе воопшто не размислува за останување во Монако, по серијата конфликти со управата поради доцнењето на платите за кошаркарите.

„Велат дека сум имал договор до 2027 година, некои луѓе велат и дека Елвис се уште е жив… и двете работи се далеку од вистината. Реалноста е дека договорот ми истекува летово и дека сигурно ќе си заминам. Не знам каде, немам разговарано детално, сакам да се фокусирам само на крајот од сезонава, а потоа ќе решам каде ќе играм од летово“, објави Мајк Џејмс.

Се вчитува...