Зенит го претстави нашиот првак: Вардар е фудбалскиот гигант на Македонија

Рускиот клуб Зенит полека се насочува кон стартот на натпреварувањето во групната фаза од Лигата на Европа, а првиот меч ќе го игра против македонскиот првак Вардар, на 14.септември на арената „Филип Втори“ во Скопје. Клубот од Санкт Петербург со голем респект го претстави Вардар, истакнувајќи дека е фудбалскиот гигант од Македонија.

Со напомена дека Вардар е на 266. место на ранкинг на УЕФА за најдобри европски клубови, а Зенит на високата 19.позиција, рускиот клуб на својот сајт им го претстави првиот ривал на своите фанови.

„Вардар е гигантот на Македонија. Исто како Розенборг, тие ја стартуваа европската сезона во квалификациите за Лигата на шампионите како шампиони во домашното првенство. Во второто коло тие го елиминираа шведскиот првак Малме со вкупен резултат 4-2, а во третото беа елиминирани од данскиот првак Копенхаген со вкупен резултат 4-2. Во плејофот за Лигата на Европа, Македонците го нокаутираа турскиот гигант Фенербахче, со две победи и вкупен резултат 4-1, станувајќи првиот клуб од Македонија во историјата што се пласирал во групна фаза од европско натпреварување.  

Вардар е најпопуларниот и најтрофејниот клуб во македонскиот фудбал, со десет шампионски титули и 5 трофеи во националниот Куп. Тие настапуваа во Европа во пет од последните шест сезони, но никогаш ги немаа поминато квалификациските рунди“, се вели за Вардар во презентацијата на рускиот клуб Зенит.

zenit za vardar sajt

Се вчитува...