Зенит испрати смешна понуда за Елмас

Зенит викендов ја осигура титулата во рускиот шампионат, а веднаш потоа раководството на богатиот руски клуб реши да испрати и официјална понуда за услугите на Елиф Елмас. Проблемот е само – што сумата беше прениска и експресно одбиена од страна на Фенербахче.

Турските медиуми информираат дека Зенит решил да повлече прв конкретен потег и да испрати понуда, но таа изнесувала прескромни шест милиони евра. Во ситуација кога останатите заинтересирани клубови како Интер, Лацио, Тотенхем и Атлетико Мадрид најавуваат понуди од над 15 милиони евра, јасно е зошто на челниците на Фенер не им требало воопшто време за размислување, па веднаш го одбиле рускиот шампион.

Ставот на Фенербахче е јасен – Елмас може да си замине, но само под услови кои би биле задоволителни за турскиот гигант. Во ситуација кога македонскиот ас игра одлично и постигна нов погодок, неговата вредност уште повеќе се зголемува, па разбирливо е што раководството на Фенер ќе почека до крајот на сезонава пред да ја донесе конкретната одлука за тоа чија понуда ќе биде прифатена.

Се вчитува...