Зенит ја продолжи агонијата на Баерн Минхен

Баерн Минхен го забележа и четвртиот пораз во Евролигата, овој пат од Зенит кој на домашен терен славеше со 79-71. Рускиот тим одлично го започна натпреварот и веќе во првата четвртина поведе со 31-16, но не го задржа темпото. Напротив Германците најдоа решение за играта на Зенит и до полувремето ја преполовина негативата, а во третата четвртина поведоа со 54-60.

Сепак во последната четвртина Зенит успеа да ги консолидира своите редови, наметна свое темпо во нападот каде постигна 25 поени, а дозволи само 11 за забележување на третата победа во сезоната.

Мики беше првото име во редовите на Зенит со 18 поени и 4 скока, а Хилард и Волден го предводеа минхенскиот тим со 24 поени и 3 скока, односно 20 поени и 7 асистенции.

Се вчитува...