Зенит втора година по ред пазари од Црвена Звезда

Рускиот гигант Зенит втора година по ред носи големо засилување од редовите на Црвена Звезда, лани тоа беше Били Берон, а годинава од Санкт Петербург во Белград ќе се пресели Американецот Џордан Лојд.

Експлозивниот бек минатото лето пристигна меѓу „црвено-белите“ од редовите на Валенсија и веднаш се наметна како лидер на шампионот на АБА-лигата. Тој одигра бројни одлични средби во Евролигата, па иако имаше пад на формата во завршницата од АБА-плејофот Лојд доби понуди од неколку врвни екипи од Русија и Грција.

На крајот, тој ја прифати понудата на Зенит, потпишувајќи двогодишен договор со тимот што го предводи Шпанецот Чави Пасквал. Зенит оствари историски успех со пласманот во четвртфиналето од Евролигата, што би требало да биде доволно за овој клуб и за наредната сезона да добие вајлд-карта за учество во елитното европско клупско натпреварување.

Се вчитува...