Зголемен наградниот фонд на Австралија опен

Наградниот фонд на првиот грен-слем во годината Австралија опен следната година ќе изнесува 71 милион долари, што е за 13,6 отсто повеќе во однос на 2019 година.

„Во однос на 2007 година наградниот фонд е скоро три пати поголем. Како и секоја година, посебно посветивме внимание на наградниот фонд кој треба да го добијат тенисерите кои играат во првите рунди“, изјави директорот на турнирот Крег Тил. 

Интересно е тоа што за освојувачот на турнирот издвоено е 4.2 милиони долари, сума што е иста како минатата година.

Се вчитува...