Жабур со пресврт ја победи Сабаленка за финале на Вимблдон

Тунижанката Онс Жабур си закажа финале на Вимблдон против Вондрушова од Чешка откако во втората полуфинална пресметка со пресврт славеше против Белорусинката Арина Сабаленка.

Сабаленка го доби првиот сет со 6-7(5), но потоа се беше во знакот на Жабур која ги доби следните два сета со 6-4 и 6-3 за конечен триумф и пласман во финалето.

Во финалето Жабур ќе играт против Вондрушова која во првото полуфинале ја победи Украинката Свитолина.

Се вчитува...