Легендарниот Род Лејвер е разочаран што Роџер Федерер нема да учествува на претстојниот Австралија опен, откако Швајцарецот пред неколку дена ја обелодени одлукатаа да не биде дел од првиот гранслем турнир во 2021 година.
Федерер дебитираше на турнирот во Мелбурн во 2000 година, и од тогаш секоја сезона учествува на првиот Гран слем во сезоната. Тој дојде до трофејот шест пати. Сепак, во 2021 година, Роџер нема да се натпреварува на Австралија опен.
„Како и многу луѓе ширум светот, жал ми е што Роџер Федерер нема да може да се натпреварува на Австралија опен, бидејќи учествуваше во сите претходни години и освои шест титули. Се радувам на неговото враќање и се надевам дека ќе го видиме во најдоброто издание во текот на годината “, изјави Род Лејвер.
Последниот меч Федерер го одигра во Мелбурн, каде загуби во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ. Потоа Роџер ја заврши сезоната поради повреда на десното колено, поради што двапати беше опериран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА