Жал за Полска – за убавиците на трибини, не за Левандовски и компанија (ФОТО)

Полска е првата европска репрезентација што по само две одиграни кола ги загуби сите шанси за пласман во осминафиналето од СП 2018. Роберт Левандовски и соиграчите не заслужија ништо повеќе со настапот во досегашниот дел од мундијалот и оправдано предвреме ќе се пакуваат.

Потпросечните полски репрезентативци нема да недостигат никому, но тоа не може да се каже за убавиците кои ги бодреа своите сонародници на стадионите ширум Русија.

Полските навивачки дефинитивно се едни од најубавите на овој мундијал, но престојот во Русија ќе им биде прекраток поради очајниот настап на нивната репрезентација.

Се вчитува...