Жалбата на Србија одбиена, Косово останува земја-членка на УЕФА

Судот за Спортска Арбитража (ЦАС) денеска ја одби жалбата на Србија против прифаќањето на Косово како земја-членка на УЕФА. Србите се жалеа врз основа на прекршувањето на Статутот на УЕФА, односно членот 5.1 според кој земјата членка на УЕФА мора да биде и независна држава признаена од страна на Обединетите Нации, нешто што не бе е случај со Косово.

Сепак, ЦАС со толкувањето на овој член јасно го демантираше тврдењето на нашите северни соседи.

Ако се земе во предвид дека во рамките на Обединетите Нации не постои формално признавање на држави, комисијата на ЦАС го интерпретираше членот на Статутот на УЕФА така што територијата на која се наоѓа фудбалскиот сојуз да биде признаена како независна држава од мнозинството на членките на Обединетите Нации. Комисијата утврди дека овој предуслов е исполнет, така што заедно со волјата на мнозинството на членки на конгресот на УЕФА, јасно е дека Косово треба да бие примено како нов член. Во склад со сето ова досега наведено, жалбата на Фудбалскиот Сојуз на Србија е одбиена“ – се вели во соопштението на ЦАС.

Се вчитува...