Жалбата одбиена, Стефан Ристовски бесен

Стефан Ристовски нема да може да настапи за Спортинг на вечерашното градско дерби со Бенфика во полуфиналето од Купот на Португалија. Дисциплинската Комисија реши да не ја прифати жалбата на Спортинг по црвениот картон на Македонецот на последниот меч со Чавес, иако на повторената снимка добро се гледа дека стартот на Ристовски е на топка.

Во таборот на Спортинг беа убедена дека жалбата ќе им вроди со плод, па Ристовски беше вклучен во листата од 19 фудбалери за дуелот со Бенфика, но нашиот десен бек сепак овој натпревар ќе мора да го следи од трибините.

Самиот Ристовски не го криеше разочарувањето по ваквиот развој на настаните.

Суспензијата е потврдена… уште еднаш се потврдува дека некои работи не зависат од нас“ – порача македонскиот репрезентативец.

Се вчитува...