Жалгирис прв учесник на Ф4 турнирот во Евролигата

Литванскиот тим Жалгирис е првиот патник на Ф4 турнирот во Евролигата што ќе се одржи во Белград. Кошаркарите на Шарунас Јасикевичиус вечерва успеаја да ја остварат третата победа во четвртфиналната серија со Олимпијакос (3-1), совладувајќи го грчкиот претставник со 101-91. Ова е прв пласман за Жалгирис во самата завршница по далечната 1999 година.

Решавачки беше вториот период, кој Жалгирис го доби со 28-15 и на полувреме замина со двоцифрена предност (51-37), која и дополнително ја надгради во третата четвртина. Олимпијакос се обиде да се врати во финишот од мечот, но, сепак, разликата беше преголема во корист на литванскиот тим.

Едгарас Улановас со 20 поени и Кевин Пангос со 21 поени беа предводници во составот на Жалгирис. Кај гостите, Јанис Штрелниекс беше стрелец на 17 поени.

Се вчитува...