Жалгирис со триумф над ЦСКА Москва до третото место на Ф4 во Евролигата

Кошаркарите на Жалгирис го освоија третото место на завршниот Ф4 турнир во Евролигата, совладувајќи ја ЦСКА Москва со 79-77. Литванскиот тим имаше огромна предност од 24 поени, а ЦСКА Москва сепак стигна и до напад за триумф во последните 2,7 секунди, но не успеа да реализира.

„Армејците“ подобро го отворија мечот, но потоа Жалгирис го презеде ритамот, ја доби првата четвртина со 22-19, а на полувреме замина со шест поени позитива (41-35).

Третиот период беше комплетно во корист на Жалгирис, и кога се чинеше дека мечот е веќе решен, ЦСКА Москва возврати во последната четвртина. Но, сепак, немаше сили за комплетен пресврт.

Јанкунас и Мициќ со по 15 поени беа најефикасни во составот на Жалгирис, а Кулагин и Хантер постигнаа по 14 кај ЦСКА Москва. Комплетно потфрлија Нандо де Коло (5) и Серхио Родригез (9).

Се вчитува...