Жардим: Јувентус е олицетворение на искуство и на квалитет

Монако е на чекор до рајот, до пласман во финалето на Лигата на шампионите. Аутсајдерите, како што многумина ги сметаа оваа сезона, во елитното натпреварување покажаа вистинска класа и сигурно ќе имаат што да кажат и во полуфиналниот двомеч против италијанскиот првак Јувентус.

Тренерот на „кнезовите“, Леонардо Жардим, е полн со епитети кога зборува за ривалот.

„Јувентус е еден од најголемите европски клубови, не е потребна посебна инспирација за моите фудбалери пред овој двомеч. Италијанскиот првак е тим од квалитетни и пред се искусни фудбалери кои знаат како се играат вакви важни натпревари во Европа. Ние сме многу помлади, но исто така и желни за докажување. Мислам дека можеме да го добиеме утрешниот меч на домашен терен, но и да не биде така, сигурно можеме да постигнеме гол или два и во Торино. Одиме да одиграме најдобро што знаеме, јас тоа ќе им го порачам и на фудбалерите“, истакна Леонардо Жардим.

Се вчитува...