Жарко Пешевски уште една година во Штутгарт

Жарко Пешевски ќе ја продолжи својата авантура во Штутгарт откако македонскиот репрезентативец потпиша нов договор со овој германски прволигаш. Одличниот пивот беше дел од нашиот национален на СП во Египет, а веднаш по враќањето во Штутгарт беше официјализирано и неговото останување во клубот за сезоната 2021/2022.

Пешевски е еден од четворицата ракометари чии договори беа продолжени, заедно со Адам Лен, Патрик Цикер и Самуел Ретлисбергер.

“Среќни сме поради новите договори на четворицата ракометари. тие се многу значајни компоненти во формулата за нашиот напредок како клуб и сакаме да продолжиме заедно на овој пат кон успехот“, изјави тренерот на Лајпциг, Јирген Швајкарт.

Пешевски е член на Штутгарт од 2019 година, кога пристигна во овој клуб од редовите на Мотор Запорожје.

Се вчитува...