Жарко Ристоски останува селектор на Саудиска Арабија и во следната сезона

Поранешниот македонски одбојкарски репрезентативец, а потоа и и селектор на нашиот национален тим, Жарко Ристоски останува предводник на селекцијата на Саудиска Арабија уште една сезона. Ристоски веќе две години е на клупата на оваа репрезентација.

„По две успешни години како селектор на националниот тим на Саудиска Арабија, со задоволство можам да објавам дека го продолжив договорот и за претстојната 2020/2021 година. И благодарам на Федерацијата за продолжувањето на соработката и на довербата што ја има во мене. Заедно во нови успеси“ – напиша Ристоски во објавата на новиот договор.

Се вчитува...