Ждреб: Спектакл во ЛШ – Барса против ПСЖ

ПСЖ ќе го продолжи походот во обид да се стигне до првата европска круна со две мегапресметки против Барселона. Каталонскиот гигант делува рането, но во секој случај беше еден од најтешките ривали од групата на неносители на денешната ждрепка. Ова ќе бидат дуели меѓу Меси и Нејмар, а Аргентинецот ќе биде во центарот на вниманието и поради најавите дека токму ПСЖ ќе биде негов нов клуб од наредната сезона.

Европскиот шампион Баерн Минхен за противник во осминафиналето ќе го има Лацио, а ждрепката повторно им беше наклонета на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, кои за ривал ја добија Борусија Менхенгладбах. Среќа на денешното извлекување имаше и Јувентус, кој ќе се сретне со Порто.

Атлетико Мадрид, кој беше меѓу најмалку посакуваните ривали во нокаут-фазата, во осминафиналето ќе се сретне со Челси, додека Ливерпул за противник го доби Лајпциг, тим што лани стигна до полуфиналето од Лигата на Шампионите. Реал Мадрид го очекува незгодна задача против Аталанта, а барем на хартија најнеинтересен се очекува да биде двомечот меѓу Борусија Дортмунд и Севилја.

 

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

Борусија М. – Манчестер Сити

Лацио – Баерн Минхен

Атлетико М. – Челси

Лајпциг – Ливерпул

Порто – Јувентус

Барселона – ПСЖ

Севилја – Борусија Д.

Аталанта – Реал Мадрид

Се вчитува...